fbpx

В петок собраниска седница за реконструкција на Владата

-

Собраниската седница за реконструкција на Владата ќе се одржи в петок, 1 јуни. Ова било одлучено на денешната редовна понеделничка средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која повторно не присуствувал претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На дневен ред ќе биде изборот на нови членови на Владата, што мора да заврши до полноќ, а како втора точка е изборот на заменици министри.

Изборот на нови членови на Владата се поклопува со годишнината од формирањето на новата Влада на премиерот Зоран Заев.

Нови министри се Асаф Адеми за култура, Бардуљ Даути министер без ресор, Рената Дескоска за правда и Арбр Адеми за образование.

За заменици министри се предложени Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи, Асим Муса за заменик министер за здравство, Ѓонул Бајрактар за заменик министер за труд и социјална политика и Садик Беќири за заменик министер за транспорт и врски.

Претходниот ден, в четврток, е седница посветена на пратенички прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...