fbpx

В недела целодневна забава за зачувување на паркот во Тафталиџе

-

По успешната одбрана на паркот во Тафталиџе ова утро, неколку жители решија да продолжат со дружењата на единствената зелена површина во населбата, пренесе Радио МОФ.

Тие за оваа недела најавија целодневен настан во паркот на улицата „Букурешка“, со почеток во 12 часот. На неа се повикани сите граѓани кои сакаат да помогнат во зачувувањето на паркот.

„Организираме целодневно дружење на граѓаните со цел да му се даде до знаење на узурпаторот на овој простор, дека паркот нема да падне“, велат од иницијативата „Зелено Тефтелиџе“.

Оттаму посочуваат дека зачестеното присуство на багерите и градежните работници се јасен индикатор за намерата која ја имаат за овој простор, затоа како што велат, нивна должност е да ја сочуваат зелената површина.

Дружбата, како што соопштуваат од иницијативата, ќе вклучува дискусија за бетонирањето на зелените површини, правење на скара и освежување со некој ладен пијалак.

„Не дозволувај да фрлат бетон врз твојата иднина. Да се користи паркот како што навистина треба“, порачуваат тие.

Денеска по четврти пат граѓаните ги спречија багерите да го рушат паркот. Последниот обид беше пред една недела, кога градежните активности беа откажани по реакциите на жителите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...