fbpx

Узунов: Се задолжуваме за да се раздолжуваме

-

Владата на почетокот на овој месец се задолжи за нови 7,3 милиони евра кај стопанството. Најголем купувач на денарските едногодишни обврзници беа фирмите, кои откупија 63,3 отсто од вкупно понудените 5,5 милиони евра. На почетокот на август задолжувањето изнесуваше 2,2 милиони евра, а во јули 1,6 милион евра.

Според универзитетскиот професор Ванчо Узунов, Владата нема намера да ја промени политиката на задолжување, која не се одвива само во последните неколку месеци, туку трае со години.

– Владата не може да ги сервисира постојаните долгови без задолжување. Се задолжува за да се раздолжи и секој нареден пат малку повеќе. На тој начин долгот само се зголемува. Тие немаат намера да ја променат политиката на задолжување и, што е уште пострашно, ние не знаеме за што одат тие пари. Од друга страна, економијата не генерира приходи за раздолжување на долгот – вели Узунов и додадава дека за трансфер во ПИОМ одат двапати повеќе пари отколку за плати во администрација.

Тој задолжувањето на Владата го споредува со зависност од цигари.

– Знаете дека пушењето е штетно, но мислите дека следната цигара не е токму таа што ќе ве убие. Така и со задолжувањето: секој месец по малку и стануваме презадолжена земја – додава Узунов.

Според универзитетскиот професор Томе Неновски, пак, задолжувањата на Владата на почетокот на месецот на домашниот пазар е по редовен распоред и е креирано за буџетски потреби.

– Овие задолжувања кои Владата ги прави на почетокот на месецот се за покривање на буџетските потреби и на дел од дефицитот. Некогаш тој износ е поголем, а некогаш помал – вели Неновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...