fbpx

Заврши увидот во избирачкиот список

-

На полноќ истече рокот за јавниот увид во избирачкиот список за локалните избори 2017. Граѓаните тоа можеа да го направат електронски или во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) во Скопје и во подрачните оделенија.

Според роковникот на изборни дејства на ДИК, во рок од пет дена по завршување на јавниот увид, Комисијата треба да го достави избирачкиот список до политичките партии кои, пак, во рок од пет дена треба да ги достават своите забелешки до ДИК.

По поднесените барања, ДИК одлучува во рок од три дена, а против решението на ДИК, политичките партии може да поднесат тужба до Управниот суд во рок до 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од приемот на тужбата.

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени од јавниот увид, ДИК го заклучува најдоцна 14 дена по завршениот јавен увид, односно најдоцна до 24 септември. Заклучениот избирачки список ДИК го потпишува најдоцна 15 дена пред денот на одржување на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...