fbpx

Увидот во Избирачкиот список ќе се прави до 14 март

-

Увидот во Избирачкиот список што почна во саботата, 23 февруари, ќе се прави до 14 март, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во сите подрачни единици на ДИК и преку интернет, секој ден во седмицата, па и во викендите и празниците, во периодот од 8.30 до 19 часот. Последниот ден, 14 март, увидот ќе се врши до полноќ.

Во Избирачкиот список треба да бидат внесени лицата што ќе наполнат 18 години до денот на претседателските избори – 21 април годинава.

Увидот се врши во подрачните единици на ДИК, со лична карта, или на веб-страницата на ДИК за Избирачкиот список. На оваа веб страница може да се најде листата на сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, како и нивните адреси.

Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список може да се поднесат само во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Државјаните на Република Македонија на привремена работа или кои живеат во странство исто така може да вршат увид во Избирачкиот список од саботата до 14 март, но на веб-страницата за Избирачкиот список или во Дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија, а точниот список може да се најде на веб-страницата на ДИК.

Пријавувањето за гласање овие граѓани може да го извршат со своерачно потпишана пријава за гласање, која треба да ја достават во Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Македонија или преку апликацијата поставена на веб-страницата на ДИК. Оние наши сограѓани во странство што немаат потврда од македонското МВР дека се на привремен престој во странство со пријавата треба да достават документи или копии од документи за привремен престој во странство повеќе од една година и дозвола за работа или престој во странската држава. Пријавувањето за гласање трае до 14 март.

Гласањето за граѓаните со привремен престој во странство ќе гласаат во ДКП-ата на 20 април, ден пред одржување на изборите, во периодот од 7 до 19 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...