fbpx

Утврдено потеклото на возилото користено во убиството на Оливер Ивановиќ

-

Истражните органи на Косово потврдија дека со помош не меѓународните организации го утврдиле потеклото на возилото кое било користено во убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на Србите на Косово.

Заменик-директорот на регионалната полиција „Север“ на Косово, Бесим Хоти за „Радио Слободна Европа“ изјавил дека преку меѓународните организации, кои на барање на косовската полиција излегле во пресрет, е утврдено потеклото на возилото, кое беше пронајдено запалено по убиството на Ивановиќ, како и синџирот на сопственици на возилото, од кои последниот е со престојувалиште во Србија.

Хоти изјавил дека во тек е анализа на собраниот материјал, како што се видео-снимки, а земени се и изјави од неколку сведоци.

Тој додал дека истрагата за убиството на Ивановиќ се одвива со полн интензитет од страна на истражната група, а со овластување на јавните обвинители.

– Истражната група ја сочинуваат истражни полицајци и разни експерти од централно и локално ниво – кога велам од локално ниво мислам на регионалната полициска дирекција „Север“ и работна група на истражни полицајци од главната дирекција (од Приштина), а во тесна соработка со припадниците на Еулекс – вели Хоти.

Оливер Ивановиќ, кој беше советник во собранието на општина Северна Митровица и водач на иницијативата „Слобода, демократија, правда“, беше убиен пред својата канцеларија на 16 јануари, оваа година.

Извршителите на убиството сè уште не се пронајдени, а наодот од обдукцијата покажа дека Ивановиќ е убиен со шест куршуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...