fbpx

Утврден предлог-законот за амнестија на учесниците во настаните од 27 април

-

Подгрупата за помирување во Собранието изготви предлог – закон за амнестија што денеска ќе биде доставен до Координативното тело за помирување, а ако биде прифатен, како предлог – закон ќе биде пуштен во собраниска процедура за да се носи во скратена постапка.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа подгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање.

Според него, со pредлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.

– Направена е разлика, најдена е правна формулација за дистинкција меѓу лицата организатори на настаните од 27 април лани и насилниците со оние кои не организирале и не извршиле насилство. Секое лице опфатено во процесот на ваквата амнестија, откако законот ќе биде изгласан, ќе треба да поднесе барање за амнестија – рече Рамчиловиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...