fbpx

Утринава се дише отров во Скопје, Битола, Кичево, Тетово и во Велес

-

Во 10 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола, Кичево, Тетово и во Велес е на многу високо ниво. Во Скопје нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 155 микрограми на еден кубен метар, што е за повеќе од трипати од дозволените 50 микрограми.

Многу високо ниво на ПМ10-честичките, освен во скопските општини Центар, Лисиче и Гази Баба, се забележува и на мерната станица Битола-2, Кичево, Тетово и во Велес. Инструментот за мерење на овие честички во општина Карпош сè уште е надвор од употреба. На мерната станица Ректорат, Битола-1, Кочани и Кавадарци има високо ниво на ПМ10-честичките, а во Миладиновци средно ниво. Во Лисиче се забележува и високо ниво на јаглероден моноксид во воздухот, а во Центар и во Карпош високо ниво на ПМ2,5-честички.

Исто како пред неколку дена, најголем степен на загаденост беше забележана во доцните вечерни часови, кога во 22 часот мерната станица во Лисиче покажа концентрација на ПМ10-честичките од речси 700 микрограми на еден кубен метар, што е за 14 пати повеќе од дозволеното.

Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички и во пет последователни дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...