fbpx

Утре во Битола протестен марш поради загадениот воздух

-

Во Битола ќе се протестира и маршира поради загадениот воздух и тоа во очи на доделувањето на четвртоноемвриските награди на Општината.

Здружението на граѓани „За нас се работи“, за утре (04 ноември) најави голем протестен марш на Широк сокак. Протестот ќе почне во 18 часот и 45 минути. Според Горан Пинза, претставник на Здружението, целта на овој марш е поставување на мерна станица во централното градско подрачје, детектирање на аерозагадувачите и доведување на квалитетот на воздухот во границите на дозволеното.

– Мирно ќе протестираме почнувајќи го маршот пред споменикот на Стив Наумов на Широк сокак и ќе се движиме по главната улица сè до Центарот за култура. Оваа локација е одбрана затоа што во исто време е најавена манифестацијата по повод доделување на четвртоноемвриските награди организирани од Општина Битола, на која ќе присуствуваат сите релевантни личности и фактори кои одлучуваат за прашањата поврзани со нашиот град. Сметаме дека роденденот на градот е вистински момент да се види целиот наш труд за тоа што го правиме за почист воздух – вели Пинза.
Мерната станица „Битола- 2“ не работи веќе две и пол години, а, според Пинза, самиот закон јасно говори дека граѓаните не треба да бидат оставени повеќе од три дена без информација каков воздух дишат. Но, битолачани веќе 800 дена се во заблуда каков е квалитетот на воздухот во градот, вели тој.

Групата „Битола сака чист воздух“ на социјалната мрежа Фејсбук има близу 12.000 поддржувачи.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...