fbpx

Утре се одржува четвртиот самит FMCG за професионалци од секторот за трговија

-

Четвртиот самит FMCG (Fast-moving consumer goods) ќе се одржи утре во хотелот „Александар Палас“ во организација на магазинот „InStore“.

Десет говорници, десет истакнати професионалци од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка (FMCG) од Македонија, регионот, како и од Русија, ќе ги споделат своите знаења и искуства пред повеќе од 300 професионалци од средниот и топ менаџментот на македонските компании.

Самитот ќе го отвори Енвер Малиќи, сопственик на „Гемак“, една од водечките компании во FMCG индустријата во Македонија, кој со присутните ќе ја сподели својата инспиративна бизнис-приказна.

Главен говорник на самитот ќе биде Миодраг Боројевиќ, извршен директор на рускиот синџир маркети „Океј“, кој ќе ги презентира предностите на македонските производствени компании и можностите за пласман на рускиот пазар.

Џорџ Ангелакис, сениор консултант на Европската банка за обнова и развој, која воедно е и програмски поддржувач на самитот, пред присутните ќе ги претстави најуспешните менаџмент-практики од FMCG-индустријата.

Останатите говорници ќе дадат одговори на прашањата: Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата и големите бази на податоци влијаат врз работењето? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот?

„Магазинот „InStore“ четврта година по ред го организира FMCG самитот, кој е уникатен настан за споделување знаење и искуство, за размена на идеи и за подигнување на културата на FMCG-секторот на едно повисоко ниво“, изјави Верица Мартиновска, директорка на магазинот „InStore“ во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....