fbpx

Утре прва расправа и гласање за (не)доверба за владата на Зоран Заев

-

Собранието на својата веб-страница го објави барањето на ВМРО-ДПМНЕ за гласање на доверба на Владата, а собранискиот спикер, Талат Џафери, потврди дека расправата ќе се одржи утре.

„Единствени проекти коишто ги спроведе Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам“, пишува во образложението на опозициската партија во барањето за изгласување на недоверба на Владата, потпишано од 41 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во документот се вели дека СДСМ и ДУИ за да ја одржат коалицијата ја погазиле демократијата во државата, Уставот, законите и собранискиот Деловник. Дека на сила го изгласале Законот за јазиците, не спровеле ниту една реформа од планот 3-6-9, кој, велат, доживеал целосен колапс.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, со СМС-пораки им потврдил на пратениците дека утре ќе се одржи расправата за доверба на Владата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува Собранието да изгласа недоверба на Владата и да се организираат предвремени парламентарни избори.

– Очекувам на крај на денот да се изгласа недоверба на Владата и да можеме понатаму да видиме како ќе ја развиваме Република Македонија, да организираме предвремени парламентарни избори и се што оди со тоа – рече Мицкоски.

Според собранискиот Деловник, гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба.

За изгласување недоверба потребно е апсолутно мнозинство, односно 61 глас од вкупниот број на пратеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...