fbpx

Утре почнува судењето на Златна зора

-

Утре во Атина, во судницата на затворот Коридалос, почнува историското судење на неонацистичката партија Златна зора. На обвинителната клупа ќе седне целото раководство на партијата, кое во септември 2013 година се најде зад решетки под обвинение за убиството на музичарот Паврлос Фисас и за огромен број други криминални дејства.

Грчкиот суд ќе биде ставен на тест да пресуди од повеќе од 100 страници судски документи и обвиненија дали Златна зора навистина е неонацистичка, насилна и криминална организација и каква ќе биде судбината на нејзиното лидерство и членови. Ова е првпат во Грција да ѝ се суди на цела политичка партија.

Лидерот на партијата, Никос Михалолијакос, и 69 членовите од партијата ќе се соочат со бројни обвиненија за формирање и за учество во криминална организација. Во текот на судењето целата партија ќе се соочи со обвинувања за дела како убиството на Фисас, бројни физички напади на Грци и на имигранти, убиства, перење пари, изнудување, рекет и ред други криминални активности за кои грчкото обвинителство има огромен број докази и сведочења.

Меѓу делата за кои се товари Златна зора се наоѓаат и инцидентите на македонско-грчките граници кога Златна зора во улога на „локални шерифи“ проверуваше како грчката царина ги пропушта македонските возила.

Судењето се очекува да трае една година, а стравувањата се како ова ќе се одрази на општеството и колку судницата во затворот ќе може да ги издржи судењата на кои ќе има повеќе од 200 членови од обвинети и сведоци. Утрешниот почеток на судењето, кое ќе се одвива под големо полициско присуство, ќе го следат огромен број домашни и странски новинари. Во целата општина од страв од немири ќе бидат затворени училиштата и градинките. Паралелно со судењето, од рано изутрина се предвидени огромни масовни штрајкови од работничките синдикати и од анархистичките здруженија кои бараат да бидат осудени и засекогаш тргнати зад решетки неонацистичките сили во Грција.

На најголем удар ќе биде лидерот на партијата, Никос Михалолијакос, кој се товари за основање криминална организација и се смета за одговорен за сите криминални дела за кои е обвинета Златна зора. Михалоли,акос од септември 2013 година до пред еден месец беше во притвор во Атина бидејќи важеше за несигурен и опасен за можно бегство од државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...