fbpx

Усвоен елаборатот за проценка на штети од поплавите во Охрид

-

За обесштетување од невремето кое го зафати охридското крајбрежје на 17 март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој го усвоија градските советници ќе биде испратен до Владата, односно до Републичката комисија за проценка на штети.

За настаната штета од невремето кое беснееше со силен ветар со брзина и до 100 км/час, високи бранови и обилни дождови, до општинската комисија за проценка на штети пристигнале 129 барања за обесштетување од кои најголемиот дел или 109 барања се од физички лица.

-Вкупната проценета сума за штетите од поплавите е 19 милиони денари. Најголеми штети претрпени се на крајбрежјето. Настрадаа платформите, кафетериите, хотелите. Ние како комисија вршиме проценка и на легални и на нелегални градби, и на осигурен и на неодигран имот. Тоа е според закон. Проценката ја праќаме до Влада. Владата ќе одлучи дали ќе ги обесштети – вели Раде Велјаноски од општинската комисија за проценка на штети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...