fbpx

Уставниот суд повторно побара мислење од Собранието за Законот за помилување

-

Уставниот суд повторно побара мислење од Собранието на Република Македонија за законот со кој на претседателот на државата му се ускратени уставните права, сo што тој не може да помилува лица осудени за изборни неправилности и педофили.

Собранието има рок од седум до 30 дена да се изјасни и да даде свое мислење.

Собранието и Владата се изјаснија и оценија дека не треба да се менува или преиначува спорниот член од важечкиот Закон за помилување.

Инаку, во следната фаза судијата известител, по добивањето мислење од парламентот, ќе поднесе предмет за кој со просто мнозинство уставните судии ќе треба да одлучат дали ќе го уважат, нема да го уважат или ќе го отфрлат предлогот за менување на правата што законски од 2009 година му се ускратени на шефот на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...