fbpx

Уставниот суд не го есапи ултиматумот на „Шарената револуција“

-

Уставниот суд денеска ја објави агендата за следната седница, која ќе се одржи в среда, а меѓу предложените точки што ќе бидат на дневен ред ја нема иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство.

Произнесување на Уставниот суд за Законот за СЈО е едно од двете клучни барања на граѓаните обединети од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и „Шарената револуција“ и на опозицискиот СДСМ.

– Првиот чекор од нашиот план беше повлекување на аболицијата, што се оствари откако Иванов ги повлече сите помилувања. Планот содржи уште два важни чекори што мора да се спроведат: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, на кое му се заканува ризик да биде прогласено за неуставно, а партизираниот суд да ги заштити криминалците и, второто барање, да запре прогонот на демонстрантите и да бидат повлечени сите пријави против лица што протестираат – рекоа демонстрантите на протестот во понеделникот оваа недела.

Тие порачаа дека доколку нивните барања не бидат исполнети до 18 јуни, „граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце и на свој начин“.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска повторно го повика Уставниот суд веднаш да ја потврди уставноста на Законот за СЈО.

„Повеќе од осум месеци Уставен суд не прави ништо околу иницијативата за Законот за СЈО и го држи во заложништво судството и владеењето на правото. Нема што да чека, Уставниот суд треба веднаш да ја потврди уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории и не смеат веќе да бидат под било каква закана. Само на тој начин ќе се овозможи непречена работа на единствената независна институција во Република Македонија, која вистински се бори против криминалот и корупцијата“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...