fbpx

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Тодор Петров за Изборниот законик

-

Уставниот суд на денешната седница не ја прифати и не поведе постапка по иницијативата за утврдување на уставноста и на законитоста на дел од измените на Изборниот законик, донесени во ноември минатата година, а во согласност со Договорот од Пржино.

Иницијативата беше поднесена од претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, кон крајот на минатата година, кратко по донесувањето на измените на Изборниот законик од Собранието во ноември.

Уставниот суд оценил дека оспорениот член 4 од Изборниот законик, каде е дефинирана методологијата за избор на пратеници од дијаспората, е во согласност со Уставот.

Постапка не била поведена ни за членот 31, за начинот на одлучување на Државната изборна комисија по предлог-одлука која се однесува на интересите на немнозинска заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...