fbpx

Уставниот суд ги замрзна изборите и изборната кампања

-

Уставниот суд на денешната седница, покрај одлуката за поведување на постапка за оценување на уставноста на распуштањето на Собранието, донесе и времена мерка со која ги замрзна сите активности кои произлегуваат од спорните одлуки за распуштање на Законодавниот дом.

Ова, како што појаснуваат од Уставниот суд за „Мета“, значи дека запираат сите дејствија, вклучително изборите, изборната кампања, изборните рокови и сите други активности од чинот на распуштањето на Собранието и свикувањето на избори.

Времената мерка стапува на сила уште денеска и ќе трае се до донесувањето на конечната одлука на Уставниот суд за оспореното распуштање на Собранието, која како што велат од судот ќе биде соопштена наредната недела.

Уставните судии денеска едногласно изгласаа да поведат постапка за оценување на уставноста на распуштањето на Собранието, по иницијативата што во петокот минатата недела до судот ја поднесе Демократската унија за интеграција (ДУИ).

– Судот едоногласно донесе одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието од 18 јануари 2016 година и одлуката за изменување на оваа одлука од 23 февруари 2016 година. Донесена е одлука судот да донесе решение за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија кои се преземаат, а кои произлегуваат од од овие одлуки – рече генералниот секретар на Уставниот суд, Оливера Филиповска, откако заврши гласањето на судиите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....