fbpx

Уставен суд не поведе постапка, мандатот на градоначалниците им завршува на 15 мај

-

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и на законитоста на иницијативите со кои се бараа измени во Законот за локална самоуправа и во Изборниот законик за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на општините.

Ова значи дека актуелните закони остануваат на сила, односно на градоначалниците и на општинските совети мандатите им завршуваат на 15 мај.

За одлуката да не се поведе постапка за иницијативите, уставните судии гласале мериторно, односно едногласно ја донеле одлуката да не поведат постапка бидејќи уредувањето на законот не спаѓа во надлежноста на Уставниот суд туку на законодавецот, односно на Собранието.

Ова беше и ставот на судијката Елена Гошева, која е судија известител за овие иницијативи, кои беа поднесени од Министерството за локална самоуправа и од Светскиот македонски конгрес.

– Со иницијативите се бара Уставниот суд да креира нова правна ситуација, за што е надлежно Собранието. Во согласност со утврдените надлежности, на Уставниот суд е да оценува дали содржината на одреден закон е во согласност со Уставот или не е, а не да креира закони – рече Гошева.

Во врска со четвртата точка, односно иницијативата за укинување на членот 8-а од Изборниот законик и на членот 11 од Законот за спречување на корупција, кои се однесуваат и на исплатата на субвенциите во изборен период, се разви жестока дебата помеѓу уставните судии.

Судијата известител, Владимир Стојановски, предложи укинување на членот 8-а со објаснување дека е нејасен и законодавецот треба дополнително да го дефинира. Од друга страна, Гзиме Старова, Наташа Габер и Садим Мурати истакнаа дека со укинувањето на членовите ќе дојде до нови правни последици.

Уставните судии сè уште не гласале по оваа точка, во моментот има пауза на која судиите треба да ги усогласат своите ставови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...