Услови за користење

Со пристапот до www.meta.mk, се обврзувате да ги почитувате условите за користење на содржините од страницата www.meta.mk.

„Мета.мк“ го задржува правото да ги менува и да ги дополнува овие услови.

Право на користење

Корисниците на содржините на www.meta.mk имаат право на увид и барање за исправка на објавените содржини за кои сметаат дека се неточни.

Корисниците на содржините на www.meta.mk  имаат право да ги преземаат содржините целосно или делумно под услов да го наведат изворот според „Криејтив комонс“ лиценца.

Посетителите немаат право содржините од www.meta.mk  да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква било друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални намени, без согласност од www.meta.mk.

Точност на содржините

Агенцијата не е одговорна за евентуални директни или индиректни последици од употребата на содржините од www.meta.mk.

Заштита на авторските и сродни права

Интернет-страницата www.meta.mk, нејзините содржини, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и со авторски права преку „Криејтив комонс“ лиценца.

Дел од информативните содржини на www.meta.mk, создаваат информации кои се интелектуална сопственост на нејзините деловни партнери.

Заштита на приватноста и тајност на податоците

www.meta.mk  ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се достапни за трети лица, освен во случаи за кои законски е поинаку пропишано.

Линкови до други интернетстраници

Некои од линковите на страницата www.meta.mk водат кон интернет-страници и сервиси на други извори на информации и на информирање. „Мета.мк“ на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси.

Корекции и појаснувања

Сите барања за корекции и појаснувања можат да се испратат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на материјалот за кој се бара корекција преку овој формулар. Тука можат да се достават забелешки за исправање на евентуални неточности, грешки, непрецизности или нејаснотии за кои се смета дека треба да се коригираат.

Одговорните лица во секое од изданијата ќе ги разгледаат забелешките и во рок од 2 дена ќе упатат соодветен одговор.

Информација за секоја направена корекција или дополнување, креирана врз основа на барање од член на публиката, ќе биде јасно наведена на почетокот од написот на кој таа се однесува.

Лицата кои се лично засегнати и сакаат да добијат и директен одговор на својата електронска адреса, се замолуваат да го истакнат тоа во пораката со која се бара корекција или појаснување.

Напомена: Ова упатство за корекции и појаснувања се заснова врз документот со наслов Политика за корекции и појаснувања на Фондацијата Метаморфозис и важи за сите нејзини изданија (како што е и Новинската агенција Мета). Членовите од Уставот на РСМ и законите врз кои е креиран овој документ можат да се најдат овде (Анекс 1).