fbpx

Уште двајца турски војници побарале азил во Грција

-

Грчката полиција денеска соопштила дека уште двајца турски војници, кои биле уапсени откако тајно влегле во Грција, побарале азил во земјата, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“.

Од полицијата навеле дека двајцата офицери им се предале на грчките власти во североисточниот град Орестијада, минатата недела. Војниците пред грчката полиција изјавиле дека во земјата влегле преминувајќи ја реката Еврос, долж границата помеѓу Грција и Турција.

Тие официјално побарале азил во Грција во понеделникот оваа недела, информирале од полицијата, која не го соопштила идентитетот на војниците и не изнела други детали во врска со случајот.

Грчкиот суд на 26 јануари оваа година го отфрли барањето на властите во Анкара за екстрадиција на осумте турски војници кои побегнаа во Грција на 16 јули, неколку часа по неуспешниот обид за пуч во Турција, и веднаш побараа азил.

Одлуката на грчкиот суд, кој како причина за одбивањето на барањето за екстрадиција го наведе тоа што на офицерите не може да им биде гарантирана безбедноста во Турција, ги налути властите во Анкара, кои издадоа налог за нивно апсење и упатија ново барање до Грција за екстрадиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...