fbpx

Уште 40.000 граѓани се очекуваат да пријават данок – рокот истекува утре

-

Утре истекува рокот за поднесување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход, за приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2016 година, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).

– Во текот на вторник и на среда се очекува околу 40.000 граѓани да ја исполнат својата обврска. Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје (144.066), а 1.728 граѓани ја искористиле можноста за достава на пријавата преку е-даночни услуги – информираат од УЈП.

Досега, околу 360.000 граѓани пријавиле данок.

Од УЈП потсетуваат дека нивните даночните канцеларии работат од 8.30 до 20 часот, а граѓаните можат да ја достават годишната даночната пријава и преку пошта.

Заради избегнување на метежот, отворени се дополнителни шалтери во Скопје за поднесување годишна даночна пријава, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...