This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Apr 23 9:59:05 2017 / +0000 GMT

УСАИД почнува со инфо-сесии за компаниите, ќе се детектираат нивните проблеми




Сивата економија и брзото менување на регулативите се најголеми проблеми за малите, средните и за микропретпријатија во Македонија, беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанска комора.

За компаниите е особено тешко да се прилагодат на законите за работни односи и за безбедност и заштита при работа, како и на правата и обврските од законите за даночна и за царинска политика, животна средина и за урбанизам.

- За што подобро информирање на компаниите, но и за детектирање на нивните проблеми, почнуваме со т.н. инфо-сесии, вкупно 18, во десет градови низ Македонија. Почетокот е задутре, 22 март, со првиот информативен настан во Велес. Клучни сектори што ќе бидат опфатени со анализите се земјоделството, текстилот, градежништвото, ИКТ и туризмот - изјави Јадранка Аризанковска, виш советник во комората.

Инфо-сесиите, кои ќе се одржуваат до 7 јуни, се дел од проектот на УСАИД што го спроведува „Епицентар интернационал“ – Скопје во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Комората за информатичка и телекомуникациска технологија МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Целна група се сите иновативни, мали, средни и микропретпријатија, но не е исклучена можноста и за присуство на претставници од големите компании.
Post date: 2017-03-20 14:05:24
Post date GMT: 2017-03-20 13:05:24
Post modified date: 2017-03-20 14:05:24
Post modified date GMT: 2017-03-20 13:05:24
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com