fbpx

УСАИД почна проект за зајакнување на граѓанското општество

-

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) го почна Проектот за граѓанско учество (CEP), кој претставува петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и на младинските организации кои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции во одлуките за прашања од јавен интерес.

Проектот ќе ги поддржи граѓанските организации и коалиции на граѓански организации фокусирани на приоритетни прашања од интерес на граѓаните на Македонија; ќе организира едногодишна програма LEAD (Водство, учество, акција, развој) која ќе им овозможи на мотивираните млади луѓе, вештини за да работат во рамките на нивните заедници.

– Преку Проектот за граѓанско учество, младите и граѓанските организации ќе стекнат знаење, мотивација, вредности и ќе развијат вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во дијалогот со власта и со приватниот сектор, во акции кои ја промовираат добросостојбата во нивните заедници – вели директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес.

Проектот за граѓанско учество е имплементиран од „Ист-Вест менаџмент институт“ (East West Management Institute- ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...