fbpx

Ургентниот центар и денеска под засилено полициско обезбедување

-

Дваесет и четири часа по вооружениот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ, во Ургентниот центар забележливо е зголемено обезбедување.

На двата влеза на хируршката клиника има лица од обезбедувањето на болницата, кои го контролираат влегувањето и излегувањето на пациентите и на нивните роднини. Исто така, засилено обезбедување има и во ходникот, во делот за посетители, кое спроведува строга контрола. Забележливо е и присуство на специјални полициски сили во полна воена опрема.

Пациентите велат дека на абдоминална хирургија воопшто не бил дозволен влез на пациенти, а имало и поголемо полициско обезбедување.

На другите клиники не е забележливо поголемо присуство на обезбедување и на полициски сили.

Утрово, пак, во скопскиот Кривичен суд почна распитот на двајцата браќа осомничени за вчерашниот инцидент на дигестивна хирургија. Полицијата поднесе кривични пријави за обид за убиство, насилство, напад на службено лице и за недозволено поседување огнено оружје.

Во седум часот вчера, синот на починатата пациентка дошол вооружен со пиштол. Влегол во кабинетот на хирургот Огненовиќ, кој го примил за да му објасни што се случило. По ова, напаѓачот почнал да пука, го погодил докторот трипати во ногата, а медицинската сестра успеала да се спаси. Во лекарската соба биле истрелани пет-шест куршуми кои завршиле во sидовите и во мебелот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...