!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Уредникот на „Џумхуријет“ осуден на затворска казна за порака на „Твитер“


       
Анкара, 21 ноември, 2017 - 14:23 (META) 

Турскиот суд го осуди уредникот на интернет-изданието на опозицискиот весник „Џумхуријет“, Огуз Гувен, на три години и еден месец затвор врз основа на обвинението за прибегнување кон „терористичка пропаганда“, соопшти денеска весникот.

Гувен е обвинет поради порака на „Твитер“, во која е јавено дека во сообраќајна несреќа загина обвинител што го поднел првото обвинение против мрежата на проповедникот Фетулах Ѓулен.

Гувен е правно одговорен за профилот на „Твитер“ на овој медиум.

Во твитот кој бргу бил избришан е наведено дека обвинителот бил „покосен“.

Судот во Истанбул вчера пресуди дека пораката претставува пропаганда за движењето на Ѓулен, кој во Турција за смета за одговорен за минатогодишниот неуспешен пуч.

Ѓулен, кој живее во САД, ја демантира вмешаноста во неуспешниот обид за пуч.

Се очекува Гувен да ја обжали пресудата.