fbpx

Ураганот Метју усмрти повеќе од 339 лица

-

Бројот на жртвите на ураганот Метју во моментов изнесува 339 лица, но можно е да се зголеми бидејќи постојано пристигаат извештаи за вонредни состојби, поради што не може да се даде точен број, велат извори од американската цивилна заштита.

Светските агенции јавуваат дека помалите места и села со денови се отсечени од светот и дури сега стигаат извештаи за тамошната ситуација.

Ураганот Метју ја погоди Флорида со ветер со брзина од 130 километри на час и со поројни дождови, поради што противпожарната служба на Дејтон Бич прогласи полициски час, кој ќе биде на сила до сабота.

Властите апелираат граѓаните, кои не се евакуирани, до сабота да не ги напуштаат своите домови.

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека Метју станал особено опасен, со ветрови со силина од 220 километри на час.

Иако уште е рано да се предвиди каде Метју може да нанесе штета во САД, националниот центар за урагани предупреди дека тој би можел да го зафати брегот на Атлантикот, од југот на Флорида, преку Џорџија до Јужна Каролина.

Во меѓувреме, тропската бура Никол се засили и прерасна во ураган, соопшти синоќа Центарот за информирање за урагани, наведувајќи дека ќе ги погоди Бермудските Острови.

Никол достигна брзина од 130 километри на час и би можел да се зајакне во следните 24 часа, но во овој стадиум уште не е време да се прогласи тревога.

Никол се наоѓа источно од разорниот Метју, кој опустоши неколку земји на Карибите и се упати кон Флорида.

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба поради ураганот Метју на Флорида, Јужна Каролина и во Џорџија, соопшти Белата куќа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...