fbpx

Управниот суд одби 16 тужби против одлуките на ДИК

-

Судечкиот совет на Управниот суд ги разгледал и донел одлуки за сите 28 тужби што политичките партии ги поднеле против решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за првиот круг од локалните избори, одржани на 15 октомври.

На интернет-страницата на судот се објавени одлуките за 16 тужби кои, како што се наведува, се одбиени како неосновани. Четиринаесет од објавените одлуки се однесуваат на тужби поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, а другите две се поднесени од ТМРО и од Левица.

Судечки совет составен од пет судии, избрани по пат на жрепка, одлучува по поднесените тужби, а нивната одлука е конечна.

Останува да бидат објавени уште 12 одлуки, односно 10 за тужби поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, една за тужба од ТМРО и една од Алијанса за Албанците.

Од Управниот суд соопштуваат дека одлуките за поднесени тужби од партиите ќе се објавуваат постепено, преку АКМИС на веб-страницата на судот.

На 29 октомври во 35 општини во Македонија ќе се одржи втор круг од локалните избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...