fbpx

Управниот суд напладне ќе одлучува по тужбата од ВМРО-ДПМНЕ

-

Управниот суд за денеска напладне закажа седница на која ќе ја разгледува тужбата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на ДИК да се поништи гласањето во едно избирачко место во Гостивар по приговорот поднесен од Беса.

Советот кој ќе одлучува по оваа тужба ќе го води судијката Есма Алибашиќ-Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани.

Денеска на дневен ред треба да бидат и другите две тужби од СДСМ, но Управниот суд за тие тужби сè уште нема закажано седница.

Вчера Управниот суд расправаше по двете тужби поднесени од СДСМ кои се однесуваат за избирачкото место 1978 во општина Тетово и одбиениот приговор за избирачкото место 2025 во општина Теарце.

Судиите известители на јавната седница ги прочитаа тужбите, по што се повлекоа да одлучуваат по нив.

Тие имаат рок најдоцна до денеска до 19 часот да донесат одлуки, по што ќе се знае дали ќе има прегласување во спорните избирачки места.

Одлуките на Управниот суд се конечни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...