fbpx

Универзитетска професорка искасана до смрт од кучиња во Грција

-

Глутница кучиња – скитници во Североисточна Грција искасале до смрт пензионирана универзитетска професорка од Велика Британија, додека се враќала пеш од посета на археолошки локалитет, јавија британските медиуми.

Силија Холингворт (62) се јавила по телефон на своето семејство во четвртокот, во миговите кога била нападната од глутницата кучиња близу археолошкиот локалитет Месимвриа, кај границата со Турција. Семејството потоа ги алармирало властите во Грција, но нејзиното искасано тело било пронајдено дури во саботата.

Холингворт престојувала во местото Маронеја и била вклучена во собирање пари за грчките невладини организации кои им помагаат на мигрантите, а исто така била вклучена во поддршка на грчките синдикати.

Се претпоставува дека во Грција има околу милион бездомни кучиња, од кои голем број биле пуштени на улица од нивните претходни сопственици, со образложение дека поради економската криза не можат да се грижат за нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...