fbpx

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се согласува со измените на Законот за високо образование

-

Предлогот студентите што не го положиле првиот дел од државниот испит по втората студиска година да може да ги слушаат предметите од третата студиска година е прифатлив за Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, чија идеја и беше оваа измена.

Во соопштението на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, потпишано од ректорот Нинослав Марина, е наведено дека единствена цел на предлогот е да им овозможи на студентите поголема флексибилност за време на студирањето.

„Врз основа на прифатените сугестии дадени од нашиот управувачки и наставно­-научен кадар, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – ­Охрид дава целосна поддршка на пакетот реформи за унапредување на квалитетот на високото образование и воопшто на образовниот систем во земјата, што го предлага Владата на Република Македонија“, стои во соопштението на Универзитетот од Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...