fbpx

УНИЦЕФ почна кампања за еднакви шанси за децата со попреченост

-

УНИЦЕФ заедно со група активисти почнаа со кампања која има за цел да го смени начинот на кој општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој се однесува кон нив.

Од УНИЦЕФ истакнуваат дека стигматизацијата, ставовите и недостигот на свесност придонесуваат кон дискриминацијата и отфрленоста со кои се соочуваат децата со попреченост.

– Децата со попреченост се среќаваат со различни бариери за нивна инклузија. Ставовите во општеството често претставуваат поголема попреченост отколку состојбата на детето или попреченоста што ја има. Децата со попреченост може да ги остварат своите целосни потенцијали доколку општеството го смени начинот на кој гледа на нив – рече Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ.

Според статистичките податоци, во Македонија е многу поголема веројатноста за исклучување на децата со попреченост во споредба со другите деца. Во предучилишното образование само 145 (0.5 отсто) од вкупно 30,107 запишани деца се деца со попреченост. Исто така поголема е веројатноста децата со попреченост да бидат лишени од правото да растат во семејство. Мнозинството (55 отсто) од децата што се сместени во институции се деца со попреченост.

Последното истражување укажува дека само 36 отсто од јавност слушнале за Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, а повеќе од третина од јавност не прифаќаат дете со аутизам (37 отсто) или дете со Даунов синдром (36 отсто) да живее во исто соседство со нив.

Резултатите укажуваат дека само четири отсто од јавност верува дека децата со попреченост треба да одат во редовни училишта и да посетуваат редовна настава заедно со своите врсници, а само 16 отсто од јавност верува дека децата со попреченост, доколку им се даде поддршка, ќе можат да водат независен и продуктивен живот како возрасни.

Од УНИЦЕФ велат дека за да се постигне инклузија на децата со попреченост општеството мора да стане посвесно за нивните права и да почне прво да ги гледа нивните способности, пред да ја забележи попреченоста.

Кампањата #ЗаПравиченСвет има за цел да вклучи активисти кои ќе проговорат гласно за нефер состојбата на децата со попреченост. Преку социјалните медиуми, активистите ги повикуваат сите да дадат заложба дека ќе почнат да го менуваат начинот на кој гледаат на децата со попреченост. Кампањата е дел од повеќегодишна стратегија за мобилизирање широка поддршка и зголемување на бројот на граѓани кои даваат поддршка за еднакви права и инклузија на децата со попреченост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...