fbpx

УНИЦЕФ: Една третина од јавноста не прифаќа лице со Даунов синдром

-

Повеќе од една третина од јавноста (36 проценти) не прифаќа дете со Даунов синдром да живее во исто соседство со нив. Само 4 проценти од јавноста верува дека децата со попреченост треба да одат во редовни училишта и да посетуваат редовна настава заедно со своите врсници. Само 16 отсто од јавноста верува дека децата со попреченост, доколку им се даде поддршка, ќе можат да водат независен и продуктивен живот како возрасни.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на УНИЦЕФ, по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром (21 март).

– Во нашата земја е многу поголема веројатноста за исклучување на децата со попреченост во споредба со другите деца. Во предучилишното образование само 0,5 отсто од запишаните деца се деца со попреченост. Исто така, поголема е веројатноста децата со попреченост да бидат лишени од правото да растат во семејство. Мнозинството (55 отсто) од децата што се сместени во институции се деца со попреченост – се вели во соопштението на УНИЦЕФ.

Оттаму порачуваат дека на децата со попреченост не им треба сожалување и милостина, туку општество кое ќе биде посвесно за нивните права и ќе почне прво да ги гледа нивните способности, пред да ја забележи попреченоста.

– Им треба да бидат прифатени како рамноправни учесници во општеството, како учесници способни да ги бараат своите права, способни да живеат исполнет живот и способни да придонесуваат во изградбата на инклузивно и на одржливо општество – апелираат од УНИЦЕФ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...