fbpx

УНХЦР: Ситуацијата на бегалците што минуваат низ Западен Балкан е многу тешка

-

Зголемиот број на бегалци и мигранти кои ја користат помалку познатата западно-балканска рута, преку која се обидуваат да стигнат до Европа, се соочуваат со големи ризици, вклучувајќи злоупотреби, насилство и несреќни случаи додека се движат по железничките пруги, предупредува Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР).

Агенцијата за бегалци на ОН вчера соопшти дека има драматично зголемување на бројот на мажи, жени и на деца, кои со денови пеш се движат по оваа рута, која е помалку во центарот на вниманието од оние што минуваат преку Средноземно Море.

„Ситуацијата е особено тешка во поранешната Југословенска Република Македонија, каде бегалците и мигрантите ги следат железничките пруги, пешачејќи со денови, изложени на железнички несреќи, природни непогоди и на злоупотреби и на закани од шверцери и од криминални банди“, изјавил портпаролот на УНХЦР, Адриан Едвардс, на средбата со новинари во Женева.

Според УНХЦР, бројот на луѓе кои искажале намера за барање азил во земјите од Западен Балкан помеѓу 2012 и 2014 година се зголемил од 5.000 на 20.000 лица.

Оваа година е регистрирано ново зголемување на оваа бројка. Само во Србија во првите пет месец од годината имало преку 22.000 барања за азил, што е шест пати повеќе од истиот период лани. Во мај, 10.000 нови баратели за азил биле регистрирани од тамошните власти.

„Нашите процени се дека речиси идентичен број луѓе, на кои им е потребна меѓународна заштита, се движат нелегално низ регионот, со помош на шверцери. Најголем дел од нив се обидуваат преку Унгарија да стигант до земјите од Западна Европа“, додал Едвардс.

Најголем дел од мигрантите, кои се движат по оваа рута, се од Сирија, Авганистан, Ирак, Еритреа и од Сомалија, а во Европа доаѓаат најчесто преку Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...