fbpx

Унгарија нема повеќе да прима бегалци

-

Унгарија веќе нема да прима бегалци кои во Европската унија влегле преку нејзина територија, а потоа отишле во друга земја на Унијата откако властите синоќа соопшти дека ја суспендираат Даблинската спогодба, европски документ што се однесува на бегалците, за да ги заштити унгарските интереси.

Даблинската спогодба подразбира дека барањето за азил во Европа треба да биде разгледано во првата европска земја во која дошол барателот на азил.

Европската комисија веднаш побара појаснување на ваквиот потег на Будимпешта.

Според наводите на унгарските власти, повеќе од 60.000 луѓе илегално влегле во земјата од почетокот на годинава досега. Унгарија деновиве соопшти дека на границата со Србија ќе постави ограда за да го запре бранот бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...