Министерството за внатрешни работи информира дека од 15 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на возила и на движење на пешаците во непосредна близина на Градскиот парк во Скопје.
Ограничувањето на движењето ќе биде поради одигрувањето на меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и на Шпанија со почеток во 20.45 часот.
„Ќе биде ограничено движењето на возилата по булеварот Илинден и по улиците Ристо Шишков, Аминта Трети, Наум Наумовски-Борче, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион. Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат билети за фудбалскиот натпревар“, велат од МВР.