fbpx

Украина донесе закон за реинтеграција на Доњецк и Луганск

-

Украинскиот парламент денеска го усвои законот за реинтеграција на источните региони кои во моментот се под контрола на проруските бунтовници, јавуваат агенциите.

Во законот се наведува дека Русија „привремено ги окупирала“, регионите Доњецк и Луганск на истокот на Украина.

Украинскиот претседател, Петро Порошенко го поздрави усвојувањето на новиот закон, наведувајќи дека тој ќе помогне со политички и дипломатски средства да се врати контролата над истокот на земјата.

Претседателот на комисијата за надворешна работи на горниот дом на рускиот парламент Констатин Косачев оцени дека со новиот закон се минира мировниот договор од Минск, чија примена САД и Европската Унија ја наведуваа како услов за укинување на санкциите кон Русија.

– Киев премина од саботажа на договорот од Минск кон негово погребување – изјавил Косачев, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Во судирите на истокот на Украина од април 2014 досега загинаа повеќе од 10 илјади лица. Иако беше постигнат мировен договор во 2015 година кој предвидува прекин на огнот, повлекување на оружјето од првата линија на фронтот и уставни реформи, примирјето постојано се крши, со взаемни обвинувања помеѓу страните во судирот – украинската војска и проруските бунтовници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...