This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Nov 24 14:37:58 2017 / +0000 GMT

УЈП: Во најкраток рок да се плати персоналниот данок на доход




Доколку граѓаните не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходни години врз основа на годишна даночна пријава или за 2016 година врз основа на аконтативна даночна пријава, тоа да го сторат во најкраток можен рок, порачуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Оттаму прецизираат дека укажувањето се однесува и за самостојните вршители на дејност - занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и други кои не извршиле плаќање на персоналниот данок на доход, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или паушално утврден приход.
Post date: 2017-01-09 13:05:59
Post date GMT: 2017-01-09 12:05:59
Post modified date: 2017-01-09 13:05:59
Post modified date GMT: 2017-01-09 12:05:59
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com