fbpx

УЈП: Системот за бруто-плата функционира непречено

-

Системот за бруто-плата функционира непречено, велат од Управата за јавни приходи (УЈП) откако „Мета“ објави дека сметководителите се пожалија дека освен системот за поднесување годишна даночна пријава, и системот преку кој се врши прием на декларации за плати не функционира неколку дена.

– Што се однесува до системот за бруто-плата, тој непречено функционира, односно декларацијата и налогот за плаќање врз основа на поднесена месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН) се доставуваат најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето – велат од УЈП.

Управата за јавни приходи денеска ги продолжи роковите за поднесување даночни пријави и извештаи поради отежнато и масовно користење на системот „е-даноци“, поради што тој не функционира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...