fbpx

УЈП ја објави новата листа на должници, последна за годинава

-

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници бр.12/2018 за долгови доспеани до 31 август и неплатени до 30 ноемрви по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата објавени се 2.140 должници – правни лица што е помалку за 13 од претходната листа и 2.370 физички лица што е повеќе за 195 од претходната листа.

Вкупно објавениот нето-долг во Листата бр.12/2018 изнесува 10.027.643.843 денари (163 милиони евра), помалку за 58.864.425 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.998.544.030 денари (помалку за 48.707.933 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.099.813 денари (помалку за 10.156.492 денари од претходната листа).

Меѓу должниците се и голем број јавни претпријатија кои долажат стотици милиони денари по основ на даночни давачки. ЈП „Македонија пат“ должи 330 милиони денари, Македонска радио-телевизија должи 71,6 милиони денари, ЈП „МЖ-инфраструктура“ должи 29 милиони денари итн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...