Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници на која се наоѓаат 4.251 фирма и физички лица кои имаат долгови доспеани до 31 декември 2016 година и неплатени до 31 март 2017 година врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Најголем должник на листата со 11,1 милиони евра е охридски „Отекс“, кој не платил данок на додадена вредност и данок на добивка.
На листата се и голем број јавни претпријатија, како, на пример, „Македонија пат“ кое должи околу осум милиони евра.
„Македонската радио-телевизија“ должи 1,4 милиони евра.