fbpx

УХМР: Нивото на Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум

-

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека нивото на Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум, а водостоите на реките се под просекот за март.

Според УХМР, водостојот на Вардар е најнизок на мерното место кај Демир Капија и е 60 сантиметри понизок од вообичаениот за март, додека понизок водостој од 23 до 29 сантиметри од вообичаениот има и на другите мерни места на Вардар.

Слична е состојбата и со другите реки кај кои се мери водостојот, а најголемо отстапување од просекот има Црна Река на мерното место Новаци, каде водостојот е понизок за еден метар и седум сантиметри од вообичаениот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...