fbpx

Угостителите бараат ДДВ за храната да се намали на 5 проценти

-

Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната во хотелите и во рестораните, стимулации во угостителството и во хотелиерството, иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија.

– Угостителите бараат начинот на кој се пресметува ДДВ на храната да претрпи корекции. Влезните елементи сега се пресметуваат со 5 отсто ДДВ, а излезниот данок е 18 проценти. Следниот период ќе направиме конкретни анализи и со факти за состојбата и за барањата ќе излеземе пред државните институции – изјавија за „Мета“ од Стопанската комора.

Според поранешната престедателка на Здружението, Снежана Јовановска, намалувањето на данокот од 18 на 5 отсто е нереално и би требало да биде на 12 отсто.

– Има голем број мерки кои државата во моментов ги презема во овој сектор. Субвенционира странски туристи и туристички оператори, прави маркетиншки активности и промоции во странство, го намали данокот на туристичките услуги и затоа сметам дека намалувањето од 18 на 5 отсто е нереално. За да му се помогне на овој сектор, потребно е да се престане со субвенционирање на туристите, туку еднократно да се субвенционираат туристичките оператори кои склучиле договор за промовирање на државата и за носење на странски туристи. Се одлеваат многу пари, расходите се големи, а приходите мали – смета Јовановска.

Здружението предлага и други мерки што ќе значат финансиско растоварување на хотелско-угостителскиот сектор и индиректен стимул за нови инвестиции и за модернизација на постојните капацитети.

Според Стратегијата за развој на туризмот до 2020 година, приходите од оваа стопанска гранка треба да изнесуваат 5 отсто од БДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...