fbpx

УФП: Васе Доневски овозможил матен приход од 11 милиони евра за „Секјуриком“

-

Со местење тендер, односно изигрување на постапката и избегнување на Советот за јавни набавки, со формирање неделива јавна набавка за пет дејности поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, и В.Г., сопственик и управител на „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје“, овозможиле фирмата противправно да се стекне со 660.834.855 денари, односно 11 милиони евра, информираше Управата за финансиска полиција (УФП). Во нормална постапка, таа сума би била барем за 45 отсто пониска.

Како што извести на денешната прес-конференција директорот Арафат Муареми, УФП по три месеци истрага и претреси, вчера поднела кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување против Доневски, а против В.Г. кривична пријава за соизвршителство. Истрагата продолжува и понатаму.

Дополнително, како што објасни Муареми, на Васе Доневски му бил даден на користење и автомобил од „Секјуриком“, кој при истрагата е одземен како доказ.

Пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), кое пак, според неофицијални информации од Основен суд Скопје 1, побарало да биде изречен притвор за пријавените. Одлука од судија на претходна постапка би можело да биде донесена дури вечерва.

Според УФП, во на 1 јули 2015 година Доневски ја злоупотребил службената положба со тоа што, за да ја избегне обврската да побара согласност од Советот за јавни набавки, до седум меѓусебно тесно поврзани фирми испратил известување за оглас за јавна набавка. Четири од тие фирми се тесно поврзани, односно се сопственост на В.Г. Тоа се „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје“, „Секјуриком Сервис ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“, „АПС ДООЕЛ Скопје“ и „Топ Сервис ДООЕЛ Скопје“. Другите фирми се за хигиенско технички услуги, односно „Серта“ и „Техно-чист“, кои претходно соработувале со „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје“. Последната фирма, „Еко Клининг“, не била поврзана со В.Г., но била фамилијарно поврзана со „Серта“.

Како што објасни Сузана Петровска од УФП, сите седум фирми одговориле позитивно, односно потврдиле дека се заинтересирани да учествуваат на огласот, со што се елиминирала обврската за набавката да биде известен Советот за јавни набавки. Но на огласот објавен два дена подоцна, односно на 3 јули 2015 година се јавила само „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје“, а потоа Доневски и В.Г. склучиле договор за неделива јавна набавка за пет дејности кои не се поврзани меѓусебно, односно за одржување хигиена, за тековно одржување, за дактилографски услуги, за обезбедување и ПП заштита и за оперирање со ТТ централи за органите на Државната усправа. Со формирање неделива набавка повторно го ескивирале законот, односно избегнале можност за електронска аукција, со што „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје“ противправно дошол до приходи од 660.834.855 денари, посочија од УФП

Како што објасни Петровска, со анализа на набавка за одржување и хортикултурно уредување склучена во 2015 година и анализа на иста таква набавка, но во 2017 година, при што во првата се барало неделива понуда, а во втората деллива, е приближно утврдено дека да не се направеле погоренаведените малверзации, сумата што би требало да му биде исплатена на „Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје“ би била најмалку за 45 отсто пониска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...