fbpx

УБК му одговорила на СЈО за користењето класифицирани податоци во „Тврдина 2“

-

Специјалното јавно обвинителство добило одговор од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Катица Јанева.

Од СЈО не откриваат што им било одговорено, но велат дека за тоа ќе го запознаат судот на рочиштето закажано за 17 јануари.

„Од наша страна беа испратени барања до надлежните институции, на кои ни беше одговорено. Со одговорите ќе биде запознат и судот на закажаната расправа на 17 јануари“, стои во одговорот на СЈО на нашето прашање дали Специјалното јавно обвинителство доби одговор и дозвола од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за декласификација на класифирицирани податоци заради нивно користење како докази во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, како што тоа беше наложено од судот?

На подготвителната расправа за судењето за „Тврдина 2“, судијката Лидија Петровска го задолжи СЈО да побара дозвола од органот што ги создал тие податоци да бидат користени во судска постапка, односно да бидат декласифицирани со степен за употреба во судска постапка.

Во случајот „Тврдина 2“, обвинети се поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и уште шест лица кои се товарат дека ја уништиле документацијата поврзана со системите од незаконското прислушување.

„Тврдина 2“ и случајот за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, беа првите два предмети за кои СЈО на 15 септември минатата година поднесе обвиненија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...