fbpx

УБК ќе се реформира и ќе се преименува во Агенција за национална безбедност

-

Владата на вчерашната седница го утврдила новиот текст на Предлог-законот за Агенција за национална безбедност, со кој ќе се овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање. Според новиот закон, УБК нема повеќе да биде дел од МВР, туку ќе се формира Агенција за национална безбедност.

„Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите за Република Северна Македонија на Европската комисија, преку воспоставување на модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, туку се предлага основање на Агенција за национална безбедност со цел заштита на националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата“, велат од владата.

Министрите на седницата го утврдиле и новиот текст на Предлог – законот за координација на безбедносно – разузнавачката заедница во Република Северна Македонија со кое се предвидува посебно тело за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Владата ги утврдила и Предлог – законот за изменување на Законот за следење на комуникациите, како и Предлог-законот за изменување на Законот за внатрешни работи, заради усогласување со предлог законите за Агенција за национална безбедност и Предлог-Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...