fbpx

Убиецот од Минхен бил опседнат со Андрес Брејвик

-

Германската полиција соопшти дека не пронашла докази за поврзаност со милитантната група Исламска држава при претресот на домот на осомничениот за нападот во Минхен. Но, според полицијата, напаѓачот имал очигледна поврзаност со норвешкиот масовен убиец Андрес Брејвик.

Вчера 18-годишното момче со двојно германско и иранско државјанство отвори оган во трговски центар во Минхен. Во нападот беа убиени девет луѓе, а 16 други се повредени, пред напаѓачот да се самоубие.

Шефот на полицијата во градот, Хубертус Андрае, изјави дека нападот нема врска со приливот на бегалци во Германија. Според него, напаѓачот бил опседнат со книги и со текстови за масовни убиства. Нападот во Минхен се совпаѓа со петгодишнината од нападот во Норвешка, во кој Брејвик уби 77 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...