This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Jan 22 10:05:36 2017 / +0000 GMT

Убиени пет дипломати на ОАЕ во Авганистан




Обединетите Арапски Емирати соопштија дека пет нивни дипломати се убиени во бомбашки напад на југот на Авганистан, што е најголем напад на дипломатски кор во таа земја.

Властите во Дубаи прогласија ден на жалост и наложија сите институции да го спуштат знамињата на половина копје во знак на оддавање почит на дипломатите кои се убиени во нападот што бил изведен вчера.

Во меѓувреме, талибанските бунтовници демантирале дека се одговорни за нападот во Кандахар, во кој е повреден амбасадорот на ОАЕ, Џума Мухамед Абдулах ал Каби.

Мета на нападот била резиденцијата на гувернерот на авганистанската провинција Хомајун Азизи, кој е повреден.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот во Кабул во кој настрадаа 38 лица, а повредени се неколку десетици, но демантираа поврзаност со нападот во Кандахар.

ОАЕ соопшти дека дипломатите учествувале во хуманитарна мисија на југот на Авганистан.
Post date: 2017-01-11 11:26:37
Post date GMT: 2017-01-11 10:26:37
Post modified date: 2017-01-11 11:26:37
Post modified date GMT: 2017-01-11 10:26:37
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com