fbpx

Убиени двајца затвореници во атинскиот затвор Коридалос

-

Крвав инцидент со трагичен крај изби ноќеска во атинскиот затвор Коридалос. Двајца затвореници починаа, двајца се сериозно повредени и 16 се полесно повредени во тепачката што се создала меѓу голема група затвореници во затворот.

Жртвите се двајца затвореници од Пакистан, на возраст од 35 и од 30 години.

Инцидентот се случил кога група арапски и албански затвореници нападнале група затвореници од Пакистан во крилото за странски затвореници. Крвавиот напад се одвивал со импровизирани ножеви. Тепачката завршила трагично за двајца од затворениците, додека останатите се пренеси во неколку атински болници за да закрепнат од стекнатите повреди.

Грчката полиција врши детален претрес на ќелиите низ затворот за да се обиде да провери дали постојат и други импровизирани ножеви и друг вид оружје што би можеле да доведат до слични немили инциденти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...