fbpx

Убиени двајца полицајци во Бруклин

-

Двајца полицајци биле застрелани во саботата наутро додека седеле во нивното службено возило во Бруклин. Полицјаците биле убиени од Исмаил Бринсли (28), кој допатувал од Балтимор заколнувајќи се дека ќе убие двајца полицајци. Од њујоршката полиција велат дека убиецот откако стрелал во полицајците, се самоубил со истиот пиштол.
Полицијата се сомнева дека пред да допатува во Бруклин, убиецот во Балтимор ја застрелал својата поранешна девојка во стомакот, но таа преживеала. На социјалните мрежи тој напишал дека планира да убие полицајци како одмазда поради убиството на двајцата невооружени Афроамериканци од страна на полицијата.
Американскиот претседател Барак Обама го осуди вчерашното убиството и порача дека претставниците на полицијата заслужуваат почит и благодарност за нивната секојдневна работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...