This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Aug 18 14:17:37 2018 / +0000 GMT

Убиени 59 Палестинци - масакр на протест против амбасадата на САД во Ерусалим




Во вчерашните крвави судири во Појасот Газа загинаа 59 Палестинци, а повредени се 2.771, од кои половината имаат прострелни рани. Меѓу загинатите е и едно осуммесечно бебе, кое се задушило од солзавец. Протестите во Газа беа насочени против преместувањето на амбасадата на САД во Ерусалим, како и против десетгодишната блокада на Газа од страна на Израел и Египет.

Многу земји ги осудија постапките на Израел. Палестинските автономни власти побараа итна седница на Советот за безбедност на ОН.

По насилството на границата на Газа и Израел, денеска на палестинските територии и во Источен Ерусалим има генерален штрајк, а почна и тридневна жалост за загинатите.

Сите политички фракции за денеска напладне повикаа на нови протести кај израелските армиски контролни пунктови во Западниот брег.
Post date: 2018-05-15 09:47:53
Post date GMT: 2018-05-15 07:47:53
Post modified date: 2018-05-15 09:48:50
Post modified date GMT: 2018-05-15 07:48:50
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com